Достапни линкови

Во Москва разговори за иранската нуклеарна програма


Министрите за надворешни работи на Русија и на Иран

Министрите за надворешни работи на Русија и на Иран

Министрите за надворешни работи на Русија и на Иран на денешната средба во Москва разговараа за рускиот предлог за рестартирање на меѓународните разговори за иранската нуклеарна програма.
Русијa предлага меѓунaродната зaедница постепено да ги укинува санкциите кон Техеран, во замена за тоа Иран да направи позитивен чекор и да пристапи кон решавање на нуклеарното прашање. По разговорите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи го оцени рускиот предлог како позитивен и рече дека ќе ги разгледаат деталите од предлогот. Лавров рече дека се потребни компромиси и дека се надева оти прашањето ќе се реши.
XS
SM
MD
LG