Достапни линкови

logo-print

Оптимизам пред Работнички-Лацио


Арива: Тимот на Работнички пред мечот со Ливерпул во Скопје на 29.07.2010 година.

Арива: Тимот на Работнички пред мечот со Ливерпул во Скопје на 29.07.2010 година.

Со респект за противникот, но и оптимизам дека може да се постигне успех, Работнички се подготвува за утрешниот дуел со Лацио.

Со респект за противникот, но и убеденост дека имаат сили за постигнување на најголемиот македонски клупски успех на меѓународната сцена, фудбалерите и стручниот штаб на Работнички го очекуваат утрешниот дуел со Лацио во Рим. Станува збор за првиот меч од плеј - офот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, во кој
Знаеме кој играч, кој гигант е Лацио во Европа, но ние работиме на психолошки план за да не ги преценуваме многу, едноставно да играме наша игра, нашите задачи да ги одработиме и да напрвиме добар резултат.

противникот влегува како голем фаворит. Таа улога му ја носи високиот рејтинг на ѕвездениот состав во кој се наоѓаат светски познатите Роки, Ледезма, Заури, Хернандез, Сисе, Клозе... Докажани играчи на врвната сцена, кои ќе бидат испочитувани, но не и преценети, најавува тренерот на „романтичарите“, Горан Петрески.

„Знаеме кој играч, кој гигант е Лацио во Европа, но ние работиме на психолошки план за да не ги преценуваме многу, едноставно да играме наша игра, нашите задачи да ги одработиме и да напрвиме добар резултат.“

Петрески, утре не може да смета на повредените Стојанов и Богдановиќ, како и на Ќумбев, поради жолти картони. Ова е сериозен хендикеп, кој сепак не го демотивира кормиларот. Напротив, тој верува дека оние кои ќе истрчаат на теренот имаат сили и за победа. Шансата за таков подвиг ја гледа во очекуваното потценување на римјаните.


„Тие коти каде што имаме квалитетни играчи и со една пас игра, не толку брзи додавања, едноставно организирано со двата бочни и со двата бекови, да не примиме гол, а со цел да постигнеме барем еден гол“, додаде Петрески.

Големата самодоверба е присутна и кај фудбалерите, меѓу кои најмногу се истакнува голманот Столе Димитриевски. Тој е свесен дека ќе биде на големи искушенија, но и е убеден дека со соиграчите ќе ја сочува мрежата на Олимпико, а на прашањето дали Работнички по реваншот на 25-ти август во Скопје, може да го елиминира Лацио, одговара:

„Ќе бидам оптимист, зошто да не. Ако го дадеме првиот максимум и ако имаме среќа мислам дека ќе влеземе во група.“

Во претходните три кола од Лигата на Европа и 6-те меча со Транс Нарва, Јувенес Догана и Анортозис, Димитриевски прими само 3 гола.
Мислам дека Работнички ќе победи, ако ништо друго барем 1:0.

Очекувано или не, оптимизмот е присутен и кај љубителите на фудбалот.

„Бев на претходниот натпревар на Работнички и добро поминаа, 2:1. Изгубија, но се пласираа за понатаму, така што не би ме изненадило ако успеат да ги победат Лацио.“

„Само треба да играат храбро и да веруваат во себе.“

„Лацио е една голема екипа, знам дека ќе биде тешко, но сепак шансите се реални.“

„Мислам дека Работнички ќе победи, ако ништо друго барем 1:0.“

„Мислам дека има шанси“, изјавија анкетираните граѓани.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG