Достапни линкови

logo-print

Грција ги поддржува предлозите на Меркел и Саркози


Од вчерашната средба во Париз

Од вчерашната средба во Париз

Грција верува во успехот на мерките за економска стабилност во еврозоната, кои ги предложија францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел.
Од грчкото Министерство за финансии соопштуваат дека главен позитивен резултат од разговорот меѓу Саркози и Меркел e нивната приврзаност кон одлуката од јулскиот самит на Европската унија, на кој е одлучено на Атина да и се одобри нов стабилизациски кредит.
Саркози и Меркел за време на вчерашната средба во Париз, предложиле формирање на економска влада на еврозоната, а исто така објавиле и мерки за усогласување на даночната политика меѓу Германија и Франција.
XS
SM
MD
LG