Достапни линкови

Анемична опозиција


Експертите не веруваат дека опозицијата има моќ да ги мобилизира граѓаните кои се заинтересирани за колективни промени.

Експертите не веруваат дека опозицијата има моќ да ги мобилизира граѓаните кои се заинтересирани за колективни промени.

Опозицијата најавува политичка битка, но експертите се сомневаат во нејзиниот капацитет за промена на политичката состојба во земјата.

Опозицискиот фронт нема капацитет, ни сила за преземање на легални
Да, опозицијата има капацитет да преземе чекори и да и покаже на позицијата дека пред се во државата мора да се почитуваат демократските вредности.
мерки за промена на политичката состојба во земјата, велат експертите.
Од опозицискиот фронт, пак, велат дека морале да испратат предупредување до власта и најавија дека ќе бидат принудени да ги употребат сите расположливи средства за политичка битка и демонстрирање на граѓански отпор. Тие на вчерашната средба ја прецизираа стратегијата и парламентарното дејствување во иднина.

Соња Мираковска од НСДП вели дека зад нив стојат огромен број на луѓе кои не се согласуваат со политиката, која ја води власта. Она што се случи во изминативе месеци и бруталната пресметка со сите неистомисленици не дозволува опозицијата и секој слободоумен граѓанин кој сака да живее во демократија да не одреагира.

Ќе живне ли анемичната опозиција?

„Ние моравме да дадеме опомена и да кажеме, постојат мерки. Да, опозицијата има капацитет да преземе чекори и да и покаже на позицијата дека пред се во државата мора да се почитуваат демократските вредности и не смее да се користат институциите за да се пресметуваат со сите оние кои им пречат и кои не се согласуваат со нивните политики.“

Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали вели дека опозицијата за жал досега се покажа како доста анемична, наспроти реалноста, бидејќи во државата се воведува диктатура, се укинуваат медиумите и правата и
Не сум многу оптимист дека со овие луѓе кои практично предолго се во политиката дека можат нешто да направат кое колективно ќе ги предизвикува луѓето, граѓаните, кои се заинтересирани за колективни
промени.
достоинството на граѓаните се нарушени. Според него, опозицијата стои на страна и се однесува како да е од некоја друга планета.

„Не сум многу оптимист дека со овие луѓе кои практично предолго се во политиката дека можат нешто да направат кое колективно ќе ги предизвикува луѓето, граѓаните, кои се заинтересирани за колективни промени. Тоа е само оправдување да барате нешто по легален пат од институција која воопшто не функционира законски, тоа е надвор од секоја логика.“

Но, според Биљали добро организирани протести со точна идеја би биле поефектни. Мираковска, пак, вели дека ако граѓаните морат да преземат нешто против политиката на премиерот Никола Груевски тоа сигурно ќе го направат.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG