Достапни линкови

Ќе се брани ли Санадер од слобода?


Загрепскиот окружен суд денеска ќе одлучи дали поранешниот хрватски премиер Иво Санадер ќе биде пуштен да се брани од слобода или ќе му биде продолжен притворот, каде се наоѓа од 18-ти јули кога беше екстрадиран од Австрија.
Со оглед на слабата подвижност на Санадер, расправата ќе се одржи изутринава во затворот Реметинец.
Притворот на Санадер му беше одреден уште во декември 2010 година, кога против него е покрената истрага под сомнение за здружување со останатите осомничени за случајот „Фими медија“, преку која се испумпувани пари од државните претпријатија и министерства и на тој начин ја злоупотребил премиерската позиција и овластувања.
Санадер е уапсен на 10 декември 2010 година во близина на Салцбург врз основа на хрватска потерница.
XS
SM
MD
LG