Достапни линкови

Претседателот Ѓорѓе Иванов на Ифтар


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов синоќа во Тетово присуствуваше на вечера - ифтар со поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема ефенди Сулејман Реџепи.
- „Претседателот Иванов беше прв што прифати еден ваков чекор и изрази желба во текот на светиот муслимански месец Рамазан да дојде на ифтар заедно со претставниците на ИВЗ. Се надеваме дека без разлика кој ќе биде претседател на државата во иднина оваа активност ќе прерасне во традиција. Претседателот на државата Иванов на овој начин покажа почитување на Рамазанот и верниците од муслиманска вероисповед“, рече поглаварот на ИВЗ Реџепи.
XS
SM
MD
LG