Достапни линкови

Пад на еврото, на азиските берзи.


Вредноста на еврото доживеа пад како и американските и јапонските акции поради продолжување на проблемите со економската состојба во Европа и во САД. Еврото денеска падна на 1,43 долари на азиските берзи каде вчера изнесуваше 1,44 долари.Францускиот претседател и германската канцеларка Никола Саркози и Ангела Меркел вчера се заложија за економска влада на земјите членки на евро зоната и ги повикаа државите што го користат еврото да воведат обврски за балансирање на буџетот. Двајцата лидери по состанокот во Париз ја нагласија приврзаноста кон заштитата на заедничката европска валута.
XS
SM
MD
LG