Достапни линкови

logo-print

Средба Груевски-Рикер


Премиерот Никола Груевски, денеска имаше средба со заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер.
Како што соопшти владиниот Сeктор за односи со јавноста, најголем дел од времето на средбата билo посветено на дијалогот околу прашањето за името. Премиерот Груевски го информирал Рикер за активностите кои се практикуваат за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името.
На средбата станало збор и за политичките односи помеѓу двете земји кои се базирани на взаемна соработка, доверба и пријателство, а се потврдени и со Договорот за стратешко партнерство.
Претходно Рикер по средбата со министерто за надворешни работи Никола Попоски, изјави дека нема промена на позициите на САД во врска со спорот за името.
„Овој спор може да се реши многу брзо, но тоа е нешто што може да се реши меѓу Македонија и Грција“,рече Рикер.
XS
SM
MD
LG