Достапни линкови

Косовската независност ја признаа уште две земји


Конакри Гвинеја и Република Нигерија ја признаа независноста на Косово, соопшти денеска потпретседателот на косовската Влада Беџет Пацоли.
Тој рече дека признавањето од тие две африкански држави е резултат на негово лобирање. Тој не даде други детали за одлуката на властите на Конакри Гвинеја и Нигерија. Досега Косово го признаа 79 држави.
XS
SM
MD
LG