Достапни линкови

logo-print

„За подобра Македонија“ со реакција до опозицискиот фронт


Коалицијата „За подобра Макеоднија“ во реакцијата на соопштението од опозицискиот фронт, прашува дали затоа што само се политички неистомисленици, државата треба да ги дозволи кривичните дела на штитениците на опозициската партија.
„Точно е, ние правиме поделба, но исклучиво поделба на луѓе кои го почитуваат и не го почитуваат законот и не чуди како дури два месеци после изборите, не разбирате дека вашите политики беа поразени и заради тоа вашиот денешен состанок се вика состанок на т.н. опозициски фронт, а не седница на Влада“, се наведува во соопштението.
Во врска со заканите дека опозицијата ќе користи средства на граѓански отпор, ВМРО-ДПМНЕ апелира да не ги воведуваат граѓаните во мрачни сценарија кои нема да донесат никому добро освен неколку луѓе од СДСМ, блиски до претседателот на партијата.
XS
SM
MD
LG