Достапни линкови

Мраморани без вода


Жители на Мраморани

Жители на Мраморани

Жителите на селото Мраморани се уште без вода и покрај тоа што водоводот е изграден, но не е во функција, зашто општината нема доволно пари за приклучок.

Милица Стојаноска од долненското село Мраморани има 49 години и е домаќинка на шестчлено семејство. Како сопруга, мајка и баба таа секој ден вложува максимални напори да ја одржи хигиената во домот. Полни пластични канти со вода од бунарот во дворот, ги мие садовите со потурање, пере на раце во корито, го напојува добитокот, го мие големиот двор, ја чисти куќата. И некако вели успева, зашто е се уште млада, па може и по 4-5 пати во денот да оди до бунарот да полни вода. Зашто
Вода немаме ниту да се испериме, ниту да се измиеме, што да кажуваме. Се мраз, снег, оди, мачи се, па во зима ќе појдеш, па ќе ја чуваш една недела, па не се пие, па не чини, па од бунарие пиеме, па и тие секнаа, нема... мачи се, пери, мака е!
чиста вода за пиење во селото немало никогаш, а последниве години секнуваат и селските бунари.

„Ни вода, ништо. Од кај носиме вода, во карпине одиме со шишиња, одиме по шахтине онаму во Мажучиште, гревови сме. Вода немаме ниту да се испериме, ниту да се измиеме, што да кажуваме. Се мраз, снег, оди, мачи се, па во зима ќе појдеш, па ќе ја чуваш една недела, па не се пие, па не чини, па од бунарие пиеме, па и тие секнаа, нема... мачи се, пери, мака е!“, це жали Стојаноска.

И нејзините соседи Санда и Томе Ристески се соочуваат со ист проблем, само што се речиси 25 години повозрасни од неа. Тие веќе немаат доволно сила, да одат во соседните села по вода, па го чекаат синот. Тој
доаѓа од градот со полни гајби со пластични шишиња вода. Потоа баба Санда се мачи, пере на бунарот, чисти, мие, а згора и садат некој декар со тутун со дедото зашто велат со скрстени раце не се седи. Се капат во потта, која се суши на нив, кога се жедни, пак ќе подадат рака по чаша вода и од бунарот ќе се напијат, ако се истрошила таа во шишињата. Тешко им е велат, ама ете Бог ги дочувал до денес сите и од болести и инфекции.


„Од бунаров полниме, каква-таква за перење, периме, а моторче имаме ставено за расадите овде, кога вадиме. А, еве за вода плативме сторивме се, 5 години се стори, за малку не ни ја пуштаат водата, зошто не ни ја пуштат, а како мене има повеќе стари.“

„Како не е е тешко, треба водата, секогаш треба, без вода тешко, ама што може да се прави, човекот како има, така ќе прави“, се жалат Ристески.

Тие заедно со другите жители платиле пред неколку години по околу 3.000 денари за изработка на елаборат за проект за
Од бунаров полниме, каква-таква за перење, периме, а моторче имаме ставено за расадите овде, кога вадиме. А, еве за вода плативме сторивме се, 5 години се стори, за малку не ни ја пуштаат водата, зошто не ни ја пуштат, а како мене има повеќе стари.
изградба за водовод. Со средства од Општината водоводот е изграден, но речиси 3 години не е фунцкија, зашто локалната самоуправа нема доволно пари за изградба на приклучок со општинската водоводна мрежа, во должина од еден километар. Во тек се активности за преземање на овој водовод од страна на прилепското јавно претпријатие, „Водовод и канализација“ ако така одлучи градскиот Совет, па проблемот ќе се реши за месец-два најдоцна.

Но, проблемите на жителите на Мраморани не завршуваат овде. Селото речиси нема никаква инфраструктура. Овде часовникот како да престанал да чука пред 50-ина години. Патот низ селото не е асфалтиран, куќите се распаѓаат, осветлување нема, нема квалитетно електро напојување, жителите се жалат дека нема ниту продавница, ниту црква, сите 40-ина се сиромашни луѓе кои се занимаваат со земјоделство. Сонот на неколкуте млади е што поскоро да заминат во градот, за да ги задоволат елементарните услови за живот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG