Достапни линкови

Грчката канцеларија за врски регира на притворањето на новинарите


Од Грчката Канцеларија за врски во Скопје,во врска со притворањето на двaјца новинари од Македонија во Грција, наведуваат дека новинарите постапиле спротивно на грчките закони кога почнале да снимаат во просториите на јавните институции во Лерин. Еден државен службеник побарал од новинарите да запрат со снимaњето по што ги информирал грчките полициски органи. Подоцна, откако случајот бил истражен, како што се наведува, во согласност со релеватните легални процедури, на новинарите им било укажано да избегнуваат вакви нелегални активности односно да не сминаат без соодветна дозвола во просториите на јавните институции и им било дозволено да заминат.
Новинарите на дневниот весник „Вест“ Милена Ѓоргиевска и на ТВ „Канал 5“ Горан Момироски денеска беа приведени од грчката полиција во Лерин.
Здружението на новинари на Македонија најостро протестира поради приведувањето на новинарите од страна на грчките власти. Попречувањето на новинарите во извршувањето на нивните работни задачи е спротивно на сите демократски пракси и стандарди се наведува во соопштенито на ЗНМ.
XS
SM
MD
LG