Достапни линкови

МОК- Сочи напредува во организацијата на олимписките игри


Русија направи значителен напредок во подготовките за Зимските олимписки игри кои треба да се одржат 2014-та година во Сочи, изјави Жан-Клод Кили од Меѓународниот Олимписки Комитет. Тој беше во дводневна работна посета на Сочи. Нeговата посета доаѓа во пресрет на целосната инспекција која треба да биде направена во септември. Кили изјави дека останува уште да се средат работите со хотелското сместување и во оперативното планирање , но изјави дека е убеден оти Сочи навреме ќе ги заврши своите обврски.
XS
SM
MD
LG