Достапни линкови

Невладините имаат забелешки на предлог Законот за млади


Вкупно 35 младински и граѓански организации денеска упатија забелешки за Предлог-законот за млади, кој е во собраниска процедура. Според нив, овој Предлог-закон во ваква форма и содржина не треба да се усвојува од Собранието.
Младинските организации бараат од Собранието, од комисиите за европски прашања и за образование, наука и спорт да ги земат предвид забелешките и анализите, да обезбедат јавна дебата и да ги вклучат младите во дефинирањето на законските решенија.
За таа цел овие 35 организации ги испратиле своите забелешки во форма на студија до сите пратеници во Собранието, до сите градоначалници и до сите претседатели на совети на општините и бараат да се отвори процесот за јавност, да се вклучат младите и младинските организации во креирање на законските решенија со цел да се добијат квалитетни, демократски и ефективни решенија.
XS
SM
MD
LG