Достапни линкови

Во Франција започна истрага за шефицата на ММФ


Кристин Лагард

Кристин Лагард

Францускиот Суд официјално отвори истрага за шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард за злоупотреба на нејзината функција додека беше министер за финансии на Франција.
Се истражува дали таа одобрила исплата на голема сума пари во име на оштета на пријател на претседателот Никола Саркози додека била министер. Лагард се соочува со обвинение за соучество во проневера на јавните фондови, затоа што одобрила еден биснисмен да добие 285 милиони евра. Лагард негира дека направила злоупотреба или дека профитирала лично од решенето да го обештети.
XS
SM
MD
LG