Достапни линкови

Рикер- позициите на САД за името остануваат исти


Филип Рикер

Филип Рикер

Нема промена на позициите на САД во врска со спорот за името, изјави помошникот американски државен секретар Филип Рикер по денешната средба во Скопје со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
„ Нашата позиција секогаш била иста. Се надеваме и веруваме дека овој спор може да се реши многу брзо, но тоа е нешто што може да се реши меѓу Македонија и Грција“, рече Рикер.
Попладнево Рикер треба да има средба и со премиерот Никола Груевски.
Ова е прва официјална посета на Рикер во својство на заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, функција на која замина по завршување на тригодишниот амбасадорски мандат во Македонија.
XS
SM
MD
LG