Достапни линкови

Обид за обновување на разговорите за нуклеарната програма на Иран


Руски висок преставник денеска разговара со државниот врв во Иран, за да ги убеди да се вратат на разговорите за нуклеарната програма на Иран. Минатата година пропаднаа разговорите кои се водат меѓу Иран и западните земји. Тие стравуваат дека нуклеарната програма на Иран е наменета за производство на нуклеарно оружје, а Иран го негира тоа. Русија предлага , да се повлечат санкциите кои западните земји ги воведоа кон Иран, а за возврат Иран да направи позитивен чекор и да одговори на прашањата за нуклеарната програма. Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николаи Патрушев денеска се среќава со неговиот ирански колега и со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG