Достапни линкови

logo-print

Кацин- Косово и Србија непотребно се раправаат за печатот


известителот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин

известителот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин

Прашањето на царинскиот печат на Косово е еден од најважните проблеми на чие решавање ЕУ инсистира со години. Непризнавањето на печатот всушност ги тера економските субјекти во трговијата со Косово, па и државата, во организиран криминал и корупција, изјавил известителот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин за весникот „Данас“.
Toj е уверен дека на српските извозници им е особено важно економијата и трговијата да се развиваат и да можат непречено да извезуваат на Косово.
„Што пишува на некои печати никого не треба да го интересира. Србија има огромен трговски дефицит и владата во Белград мора да работи на решавањето на тој проблем, а не на неговото влошување, доведувајќи се во ситуација со Косово да поведе трговска војна“, смета тој.
XS
SM
MD
LG