Достапни линкови

За претседател на Киргистан се кандидирале 83-ца луѓе


За претседателските избори во Киргистан се пријавиле 83-ца кандидати, соопштија од изборната Комисја во земјата. Политичките партии номинирале 16 кандидати, а остатокот мора да соберат најмалку 30 илјади потписи, да платат гаранција од 2239 долари и да го поминат јазичниот тест за да се најдат на гласачкото ливче на изборите на 30-ти октомври. Изборите во октомври се првите по минатогодишното востание со кое беше соборен претседателот Курманбек Бакиев.
XS
SM
MD
LG