Достапни линкови

По пауза од речиси еден месец, по повод роденденот на Мартин Нешкоски, денеска продолжуваат протестите против полициската бруталност.

По повод роденденот на Мартин Нешковски, кој денеска требаше да наполни 22 години вечерва во 19 часот по пауза од речиси еден месец ќе продолжат протестите против полициска бруталност. Протестниот марш ќе започне пред спомен куќата на Мајка Тереза, а ќе продолжи пред
Се надевам дека се ќе се расчисти и дека сите виновници, инволвирани ќе одговараат пред надлежните институции и максимално ги поддржувам барањата на демонстрантите.

македонското Собрание, каде симболично ќе биде послужена торта во облик на човечки труп и ќе биде донесена со погребно возило.

Семејството Нешкоски, односно неговиот брат Александар ги повика сите граѓани да дојдат на протестите за правдата да излезе на виделина за институциите во иднина да не ги кријат фактите и доказите, како што беше во случајот со убиството на Мартин.

„Се надевам дека се ќе се расчисти и дека сите виновници, инволвирани ќе одговараат пред надлежните институции и максимално ги поддржувам барањата на демонстрантите.“


Барањата на граѓанската инцијатива која ги започна протестите се расчистување на случајот со Мартин, но и на другите, каде имало употреба на полициска бруталност, одговорност од надлежните и реформи во полицијата. Ниту едно од нивните барања досега не беше исполнето. Еден од членовите, Кирил Ефремовски, вели дека нивниот глас се слушна и добија поддршка од граѓаните, но нивната цел не е постигната и протестите продолжуваат.

„Очекуваме пред се започнување на посериозен пристап и третман од страна на институциите на системот кон граѓаните, затоа што оние кои протестираат не се само млади, туку се пред се граѓаните на Македонија
Очекуваме пред се започнување на посериозен пристап и третман од страна на институциите на системот кон
граѓаните.
од различна возраст. Очекуваме посериозно да не разберат и да не ни „лепат“ етикети како што тоа го правеа во изминатиот период и се разбира ние и понатаму стоиме на нашите барања.“

Мартин на 6 јуни беше брутално претепан од припадник на специјалната едници Тигри на плоштадот Македонија. Осомничениот за неговото убиство Игор Спасов, се наоѓа во притвор и се уште се работи на истрагата за случајот, бидејќи врз него се вршат невропсихијатриски вештачења.

Младите велат дека не се откажуваат, туку од септември очекуваат протестите да земат поголем замав.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG