Достапни линкови

Собир на опозицискиот фронт


Во седиштето на СДСМ средба на поширокиот опозициски фронт

Во седиштето на СДСМ средба на поширокиот опозициски фронт

Прецизирање на стратегијата и координирање на парламентарното дејствување - теми на средбата на опозициските партии.

Старо-новата Влада на Никола Груевски, продолжувајќи со принципот “кој не е со нас, треба да се уништи“, прави ненадоместлива штета врз демократските процеси во Република Македонија и создава досега незапамтена пракса на брутална пресметка со политичките неистомисленици. Ова е дел од заедничкото обраќање на политичките партии од опозициониот фронт. Набројувајки ги настаните како што се уривањето на комплексот Космос, апсењето на Љубе Бошковски,затворањето на А1 телевизија и политичката злоупотреба на лудтацијата, како серија настани со кои се демонстрира политичкиот реваншизам, партиите од Опозициониот фронт, бараат од Премиерот и Владата веднаш да престанат со ваквата пракса. Во спротивно, Опозициониот фронт ќе биде принуден да ги употреби сите расположливи средства за политичка битка и демонстрирање на граѓански отпор, а целокупната одговорност ќе ја сноси владејачкото мнозинство, се вели во заедничкото соопштение до јавноста по денешната средба на поширокиот опозициски фронт.

Што мислат аналитичарите?

Аналитичарите, од друга страна, не очекуваат промена во начинот на дејствувањето на опозицијата. Сугерираат дека е потребно суштинско менување на нејзиниот настап.

Потребно е менување на веќе чуената реторика на опозицијата, сугерираат експертите

„Треба на опозицијата да и се дозволи да дојде до израз, а тоа сега за сега го немаме во земјите во транзиција. Изгледа дека Македонија гради едно современо едноумие и тоа ќе се одрази многу негативно во понатамошниот развој на државата“, изјави универзитетскиот професор Етем Азири.

Потребно е менување на веќе чуената реторика на опозицијата. Наместо постојаното напаѓање на власта и нејзините политики, нудење на конкретни предлози и решенија на проблемите, советува политикологот Соња Стојадиновиќ.
Треба на опозицијата да и се дозволи да дојде до израз, а тоа сега за сега го немаме во земјите во транзиција. Изгледа дека Македонија гради едно современо едноумие и тоа ќе се одрази многу негативно во понатамошниот развој на државата.

„Сметам дека е крајно време да се промени нивниот настап од напади на политиката на опозицијата, во насока на давање на конкретни предлози во интерес на граѓаните.“

Петковски појаснува дека новата улога на опозицијата ќе значи поактивно дејствување, како во медиумите, така и на терен, во директен контакт со граѓаните.

„Овој медиумски мрак вие немате можност како да артикулирате опозиционо мислење, ако ви се блокирани сите канали во медиумите и ние ќе бараме постојано и Комисиите меѓутоа и на пленарните седници независно што тие недозволуваат дебати, еве гледате ние предложивме на првата наредна собраниска седница дебата за состојбата со медиумите, но таа е ставена како последна точка, но ќе се обидуваме со сите легални, демократски средства“, изјави Петковски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG