Достапни линкови

Горанчо Котески нов началник на Генералштабот на АРМ


Мирослав Стоајновски - бивш началник на Генералштабот на АРМ

Мирослав Стоајновски - бивш началник на Генералштабот на АРМ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов денеска го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал – потполковник Мирослав Стојановски, заради истекување на мандатот. Истовремено, претседателот Иванов ги потпиша указите за поставување на бригадниот генерал Горанчо Котески, за нов началник на Генералштабот на АРМ, како и за негово унапредување во чин генерал – мајор. Претседателот, како што се вели во соопштението од неговиот кабинет, му изразил благодарност на Стојановски за професионалниот ангажман во вршењето на досегашната функција, а на Котески му порачал да ги продолжи реформите на АРМ со цел нејзино натамошно етаблирање како модерна и ефикасна сила и гарант на мирот и стабилноста.
XS
SM
MD
LG