Достапни линкови

ОН апелираат за поголема помош за Сомалија


Советот за безбедност на ОН вчера упати итен апел за поголеми вложувања во фондот посветен на борбата против гладот, кој предизвика смрт на десетици илјади луѓе во Сомалија. Советот ја предупреди и сомалиската преодна влада дека идната меѓународна помош ќе биде условена со нејзината способност да ја зголеми безбедноста во наредната година.
ОН прогласија состојба на глад во три региони во јужна Сомалија и меѓу раселените граѓани на Могадиш, главен град на оваа африканска земја.
XS
SM
MD
LG