Достапни линкови

Времето сончево, попладне можен дожд со грмежи


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Преку денот ќе има мала до умерена облачност, а локално ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален краткотраен пороен дожд со грмежи и со повремено засилување на ветерот. Особено повеќе услови за нестабилност ќе има во северозападните подрачја на земјава. Утринската температура се движи од 10 до 19, а дневната ќе биде од 29 до 37 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува малку до умерено облачно со услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.
XS
SM
MD
LG