Достапни линкови

Во серија експлозии во Ирак, 60 загинати и 200 повредени


експлозија во Кут

експлозија во Кут

Во серија експлозии во десетина ирачки градови, денеска загинале најмалку 60 луѓе, а повеќе од 200 се повредени. Во експлозија на две бомби на плоштад во централниот град Кут, загинале 34 луѓе, а 60 се повредени. Првата бомба експлодирала на преполн пазар, а втората експлодирала кога спасувачите и луѓе се собрале на местото каде експлодирала првата бомба. Во јужниот дел на светиот шиитски град Наџаф, загинале најмалу 4 луѓе,кога самоубиец со автомобил-бомба влетал во контролен пункт пред полициска зграда.
Во експлозии на автомобил-бомби, самоубиствени напади, и престрелки загинале уште десетици луѓе во Тикрит, Киркук, Карбала, и Бакуба. Експлозии имало и во Багдад, Рамади, Таџи и Баладпри при што се повредени десетици луѓе.
XS
SM
MD
LG