Достапни линкови

logo-print

Романија не може повеќе да зема кредити за плати и пензии


Романскиот претседател Трајан Басеску

Романскиот претседател Трајан Басеску

Романија не може повеќе да зема кредити за исплаќање на плати и пензии, изјави денеска романскиот претседател Трајан Басеску.
Тој наведе дека ја поддржува стратегијата на Владата за намалување на социјалните расходи и оти тоа е единствен излез од ситуацијата.
„Ако продолжиме да земаме кредити за исплаќање на плати и пензии земјата за брзо време ќе банкротира. Заемите за исплаќање на пензии изнесуваат 3,6 милијарди евра, а за плати 4,8 милијарди евра “, изјави Басеску.
Романските власти минатата година презедоа мерки за спас на економијата. Романија доби 20 милијарди евра од Меѓународниот монетраен фонд и од Светската банка, а во март годинава доби кредит од пет милијарди ерва.
Во замена за финансиската помош Владата ги намали платите за 25, а пензиите за 15 проценти, ограничи и низа социјални програми, а го намали и бројот на вработените во јавната администрација.
XS
SM
MD
LG