Достапни линкови

Абас лобира во БиХ за прифаќање на палестинската држава


Палестинскиот лидер Махмуд Абас

Палестинскиот лидер Махмуд Абас

Палестинскиот лидер Махмуд Абас денеска разговара со лидерите на Босна и Херцеговина, која е непостојан член на Советот за безбедност во Обединетите нации.
Палестинците во септември планираат да поденесат молба за полноправно членство во ОН.
Абас вчера пристигна во тридневна посета на БиХ . Предвидено е тој да се сретне со тројцата членови на босанското претседателството и со министерот за надворешни работи Свен Алкалај.
Алкалај наведе дека Абас пристигнал во Сараево за да лобира за поддршка на палестинското членство во ОН, додавајќи дека БиХ се уште нема донесено одлука за тоа прашање.
XS
SM
MD
LG