Достапни линкови

Русија прави обид да се обноват разговорите со Иран


Секретарот на рускиот Сoвет за безбедност Николаи Патрушев денеска пристигна во Иран за да разговара со неговиот ирански колега и претседателот Махмуд Ахмадинеџад, за контроверзната нуклеарна програма на Иран. Патрушев ќе го предложи планот Иран да прифатил да одговори на прашањата за нуклеарната програма, а западните сили постепено за возврат треба да ги олеснуваат санкциите наменети за Иран. Патрушев ќе се обиде да ги обнови разговорите кои беа прекинати во јануари, а во кои се вклучени Велика Британија, Кина, Германија, Русија и САД.
XS
SM
MD
LG