Достапни линкови

logo-print

Министерот Попоски се сретна со новата германската амбасадорка


Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Германија во Македонија, Гудрун Елизабет Штајнакер. На средбата Попоски изјавил дека Македонија во Сојузна Република Германија гледа голем пријател и традиционален поддржувач на нејзините европски и евроатлантски аспирации, соопштуваат од МНР. Тој изразил уверување дека богатото дипломатско искуство на амбасадорот Штајнакер, ќе придонесе во натамошното збогатување на билатералните односи и соработка.
Амбасадорката Штајнакер ја потврдила подготвеноста за натамошно зајакнување на билатералните односи и за нивно постојано унапредување во сите сфери од заемен интерес, се вели во соопштението од МНР.
XS
SM
MD
LG