Достапни линкови

logo-print

Средба Рикер-Црвенковски


Филип Рикер

Филип Рикер

На средбата на заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски се разговарало за актуелните случувања во земјата, соопштуваат од Кабинетот на Црвенковски. Од таму велат дека двајцата соговорници изразиле загриженост во однос на состојбите со владеењето на правото и слободата на медиумите.
Во соопштението од СДСМ, се наведува дека Рикер изјавил дека прашањето за името треба да биде надминато доколку Македонија сака да ја оствари својата цел за влез во НАТО алијансата, но затоа е потребен напредок и континуитет во развојот и на останати области.
Црвенковски рекол дека во однос на евро-атлантските интеграции, СДСМ ќе продолжи и понатаму да биде конструктивна опозиција и ќе дава свој придонес во остварувањето на двете стратешки цели за Македонија, а тоа се членството во НАТО и ЕУ.
XS
SM
MD
LG