Достапни линкови

Повторно промена на цените на горивата


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот за четири денари, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.
Денешната промена на цените на горивата следува по минатонеделното поскапување како резултат на враќањето на акцизите на нивото од април.
Малопродажните цени на горивата во средата беа зголемени за 3,58 проценти, со што бензините поскапеа за пет, а дизелот за три денари.
Регулаторната комисија за енергетика ја утврдува цената на бензините врз основа на движењето на нафтата на светските берзи и односот на доларот спрема еврото во последните две недели. Во изминатите две недели цената на нафтата на светските берзи е во постојан пад
XS
SM
MD
LG