Достапни линкови

Рикер - Македонија треба сама да си помогне


Филип Рикер, новиот заменик помошник државен секретар за Јужна и Централна Европа.

Филип Рикер, новиот заменик помошник државен секретар за Јужна и Централна Европа.

Не е моја работа да и помогнам на Македонија. Македонија треба сама да си помогне во решавањето на спорот со името, изјави новоназначениот американски заменик помошник државен секретар Филип Рикер.

Македонија сама треба да си помогне во решавањето на спорот со името, изјави новоназначениот заменик помошник државен секретар за Јужна и Централна Европа на САД Филип Рикер, поранешен амбасадор во Македонија:
Не е моја работа да и помогнам на Македонија. Македонија треба да и помогне на Македонија.

„Не е моја работа да и помогнам на Македонија. Македонија треба да и помогне на Македонија. Соединетите Американски Држави се силен партнер на Македонија, но сметам дека ова прашање треба да му се постави на Вашиот премиер и лидерството, кои треба да се придвижуваат напред.“

Рикер додава дека потпишувањето на Охридскиот рамковен договор е пример во 21 век за мирно решавање на проблемите:

Новиот министер за одбрана Фатмир Бесими

„Исто така се надевам дека Македонија ќе биде модел за решавање и на други прашања со што би се овозможил напредок, во најдобар интерес на своите граѓани.“

Заменик помошник државниот секретар на САД денеска се сретна со новоназначениот Министер за одбрана, Фатмир Бесими:

„Сметам дека има големи паралели меѓу економијата и одбраната кои се за целокупната безбедност на земјата. Имавме можност да разговараме за неговото ново портфолио, за моето ново портфолио и очекуваме продолжување на силното партнерство меѓу Амбасадата на САД и Министерството, како и меѓу Соединетите Американски Држави и
Врвен приоритет во нашето министерство, што е и еден од старетешките приоритети на владата, е членството во НАТО, спроведување на реформи и динамика која ќе гарантира полноправно членство во оваа институција, тие реформи ќе ги продолжиме и ќе ги зајакнеме.
Република Македонија.“

На средбата се разговарало за приоритетите на Министерството за одбрана, вели Бесими:

„Односно, врвен приоритет во нашето министерство, што е и еден од стратешките приоритети на владата, е членството во НАТО, спроведување на реформи и динамика која ќе гарантира полноправно членство во оваа институција, тие реформи ќе ги продолжиме и ќе ги зајакнеме.“

Министерот за одбрана се надева на продолжување на партнерството меѓу Македонија и САД:

„Тоа што до сега е докажано врз основа на стратешкото партнерство, соработката во одбрана е клучен сегмент за стабилноста на земјата и еден значаен сегмент за економскиот развој на земјата.“

Инаку Рикер денеска имаше средба и во опозицискиот СДСМ.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG