Достапни линкови

Рикер - Не е моја работа да и помогнам на Македонија


Филип Рикер

Филип Рикер

Не е моја работа да и помогнам на Македонија, Македонија треба да и помогне на Македонија. САД е голем партнер на Македонија, но ова прашање треба да му го поставите на вашиот премиер и на вашите лидери, рече Филип Рикер, заменик помошник за европски и еврозиски прашања во Стејд департментот.

Рикер е во прва посета на регионот, откaко ја презеде новата финкција. А во земјaва престојува во својство на преставник на САД на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
За време на посетата на регионот тој ќе се сретне со бројни официјални преставници.

На средбата со министерот за одбрана Фатмир Бесими, разговарале за партнерството на САД и Македонија. Рикер имал средба и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. За утре е предвидена средба со премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG