Достапни линкови

Грчката влада бара бизнис заедницата да ја поддржи економија


Јоргос Папандреу

Јоргос Папандреу

Кабинетот на грчкиот премиер Јоргос Папандреу упати повик до бизнис заедницата да ја поддржи економијата за да може Грција да се справи со должничката криза. Весникот „Вима,, пишува дека грчкото министерство за финансии, по примерот на Италија, соопшти дека им дало „последна шанса,, на големите инвеститори да ги вратат назад во Грција своите капитали, кои ги чуваат по сметки во странски банки, а во замена вети дека до 30 септември нема да ја проверува нивната имотна состојба.
XS
SM
MD
LG