Достапни линкови

Најмалку 30 загинати во два бомбашки напада во Ирак


Најмалку 30 луѓе загинале во два бомбашки напада кои денеска се случиле во градот Кут, на околу 160 киломтери југоисточно од Багдад. Бомбите експлодирале во центарот на градот, а, како што јавуваат агенциите, меѓу жртвите имало многу жени и деца. Насилството во Ирак бележи пад, но бомбашките напади во последно време зачестија. Според договореното, сите 47 илјади американски војници мора да се повлечат од Ирак до крајот на оваа година.
XS
SM
MD
LG