Достапни линкови

Иран- протести против британската полиција


Архива

Архива

Околу 200 студенти протестирале денеска пред британската амбасада во Техеран во знак на протест против „дивјачкиот“ третман од страна на полицијата против луѓето вклучени во уличните немири во Велика Британија.
Некои од учениците на протестот фрлале со јајца кон амбасадата. Сите демонстранти носеле маички со ликот на Марк Дуган, човекот кој беше убиен од британската полцицја, по што уследија протести и уличние немири.
Иран неколку години е критикуван за третманот на човековите права , особено за време на демонстрации по реизборот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад во јуни 2009 година. Сега иранските политичари по настаните во Британија ги повикаа Обединетите нации да ја осудат земјата за односот кон демонстрантите. Дури понудија и свои сили да испратат во Британија за да дејствува како мировните сили и тампон-зона меѓу репресивните сили на режимот на Кралството и британскиот народ.
XS
SM
MD
LG