Достапни линкови

Камерон -„нула толеранција “ за уличните банди учесници во насилствата


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека ќе има „нула толеранција“, во пресметка со уличните банди кои дивее по улиците на Лондон и во други големи англиски градови.
Во интервју за британскиот весник Сандеј Телеграф, Камерон вети дека наредните месеци ќе бидат искористени за борба против криминалот,а мерките ќе вклучуваат и гонење и на најмалите прекршоци.
Камерон беше критикуван од британската полиција за вработувањето на Бил Бретон, поранешниот комесар на полицијата во Њујорк, кој спроведе нова стратегија, наместо да се користи локалниот закон. Повеќе од 2.140 луѓе се уапсени за немирите , во кои пет луѓе загинаа, многумина беа повредени,а стотици продавници уништени.
XS
SM
MD
LG