Достапни линкови

Тунис- Се регистрирале само половина од гласачите


поранешниот претседател Зине Ел Абидине Бен Али

поранешниот претседател Зине Ел Абидине Бен Али

Околу половина од 7 милиони потенцијални гласачи во Тунис се регистрирале за да учествуваат на изборите закажани за октомври. Тоа ќе бидат први избори по соборувањето на претседателот Зине Ел Абидине Бен Али.
Регистрација започна на 11 јули и требаше да заврши на 2 август, но беше продолжена од страна на изборната комисија во земјата поради бавниот одзив на гласачите. На 23 октомври ќе се бираат членови на Собранието кое треба да го подготви новиот Устав на земјата со кој ќе се замени поранешниот диктаторски режим.
XS
SM
MD
LG