Достапни линкови

Национален комитет за туризам ќе го спасува туризмот


туристи во Охрид

туристи во Охрид

Ќе се фирмира национален комитет за туризам, изјави претседателот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Зоран Стрезовски. Во состав на Комитетот ќе влезат преставници од бројни министерства, агенции и од туристичкиот еснаф, владините потпретседатели за економски прашања и финансии, министерот за економија, министерот за транспорт и врски, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а со него ќе раководи претседателот на Владата, вели Стрезовски.
„Ова тело месечно ќе ги разгледува барањата или предложените мерки на туристичкиот еснаф. Со ваквата реорганизација на Агенцијата ќе и се овозможи вклучување на сите фактори во туризмот. Се очекува сите проблеми кои се кочница во развојот на туризмот да бидат заеднички решавани“, рече Стрезоски.
XS
SM
MD
LG