Достапни линкови

Палестиниците ќе побараат признавање од ОН


дете држи палестинско знаме

дете држи палестинско знаме

Палестинците ќе побараат од Советот за безбедност на Обединетите нации да ја признаат нивната држава, потег што може да доведе до конфронтација со САД, изјави палестинската политичарка Анан Ашрави. Таа изјави дека се уште нема датум кога ќе биде поднесено барањето. Се очекува САД да го искористи правото на вето во Севетот за безбедност да го блокира барањето. Но Ашвари вели дека Палестинците се надеваат дека САД ќе се воздржи да стави вето на барањето за држава на Палестинците. Таа исто така изјави дека Палестинците ќе побараат поддршка од Генералното собрание на ОН, каде веќе имаа обезбедено подршка од мнозинството.
XS
SM
MD
LG