Достапни линкови

Парите обезбедени, реконструкцијата непочната


Каде се 600 000 евра европски пари за реконструкција на Домот за стари лица во Битола која сеуште не е почната?

Темелната реконструкција на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола се уште не започнала, иако прокетот беше најавен пред две години, а надлежните предвидуваа дека објектот ќе се обнови за 12 месеци. Реконструкцијата треба да се направи со средства добиени од ИПА програмата на Европската унија каде битолската општина конкурираше со свој прокет за осовременување на домот. Од локалната опозиција
И покрај добрата волја на вработените тие не можат да им пружат достоинствен живот на своите станари.

прашуваат каде се 600 000 евра европски пари наменети за реконструкцијата?

„Овој дом далеку заостанува со условите што ги нуди. Станува збор за објект стар повеќе децении, дел од него не е ни цврста градба. И покрај добрата волја на вработените тие не можат да им пружат достоинствен живот на своите станари. Што стана со парите од ИПА фондовите чиј проект е добиен и би требало да бидат наменети за целосна реконструкција на установата во соработка со општина Битола? Зошто се дозволило да доцнат парите и да не започне реконструкција на домот?“, прашува Лилјана Обедниковска, советничка од СДСМ.

Од управата на домот велат дека нема проблеми со издвоените средства, туку работата се издолжила заради административната процедури.
Што се однесува на темелната реконструкција, работата е во фаза на избор на изведувач.

Планираат наскоро да отпочнат со градба.

„Точно е дека ќе се добијат плус 40 легла со реконструкцијата на домот, но ќе се исполнат европски стандарди во квалитетно сместување. Што се однесува на темелната реконструкција, работата е во фаза на избор на изведувач. Има двајца понудувачи кои се пријавиле на тендерот. Во најскоро време се очекува потпишување на договорот за отпочнување на реконструкција. Градбата ќе трае една година“, вели директорот Благој Илиевски.

Во меѓувреме, над 140 старци остануваат да живеат во мали одајчиња кои ги опслужуваат неколку тоалети. Дел од собите се по осум квадрати, а во нив се сместени и по тројца станари. И покрај ваквите услови уште 50 старци се на листата на чекање за сметување во домот. Со реконструкцијата се предвидуваат модерни соби со димензии од 14 до 27 метри квадратни, опремени со ве це и многу други поволности.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG