Достапни линкови

Пакистан- Во експлозија на бомба во хотел загинале 11 луѓе


Архива

Архива

Во експлозија на бомба во хотел во југо-западен Пакистан загинале најмалку 11 луѓе а 20 се повредени, соопшти полицијата. Нападот се случил во провинцијата Белуџистан. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот,но полицијата соопшти дека се сомневаат во етничните Белуџи. Началникот на локалната полиција вели дека бомбата експлодирала во момент кога во холот на хотелот имало многу луѓе. Во експлозијата биле уништени два ката од хотелот. Полицијата предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи многу луѓе се затрупани под урнатините. Белуџите водат децениска борба за поголема автономија и контрола над природните ресурси во нивниот регион.
XS
SM
MD
LG