Достапни линкови

Почна 25-от јубилеен Охридски пливачки маратон


Сите 22 пријавени пливачи точно на пладне запливаа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 25-от меѓународен Охридски пливачки маратон. Дванаесетте пливачи и десетте пливачки од девет држави ќе треба да ги испливаат 30-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум низ 12 контролни точки до целта кај Охридското пристаниште. Меѓу фаворитите за победа на јубилејниот маратон е бугаринот Петар Стојчев, кој девет пати е освојувач на првото место во Охрид и моментално води на Светската ранг-листа. За регуларноста на трката се грижат 13 судии, а за следење на трката, контрола и придружба на пливачите ангажирани се седум глисери и 40 кајчиња.
Охридскиот пливачки маратон со награден фонд од 25 илјади долари се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
XS
SM
MD
LG