Достапни линкови

Шест жртви во нападите на сириската војска на Латакија


сириски војници

сириски војници

Најмалку шест цивили загинале а 15 се повредени во денешните напади во сирискиот град Латакија, соопштуваат организациите за човекови права. Од таму соопштуваат дека пристанишниот град се напаѓа од воени бродови, а биле бомбардирани и одделни квартови. Офанзивата во Латакија започна вчера. Активистите за човекови права велат дека многу луѓе, претежно жени и деца го напуштаат градот поради нападите. Нападот на Латакија е дел од офанзивата на властите да ги задушат протестите против претседателот Башар ал Асад, кои започнаа на 15-ти март. Од тогаш па досега загинале повеќе од 1.800 луѓе, велат организациите за правата на луѓето. Башар ал Асад е на власт од 2000-та година, кога го наследи својот татко.
XS
SM
MD
LG