Достапни линкови

logo-print

Косово- можно решение за царинските печати


За време на наредната рунда преговори меѓу Белград и Приштина би можело да се најде решение за царинските печати, но не и за делувањето на косовските цариници на премините Брњак и Јариње, пишува косовскиот весник Коха Диторе.
Восоки преставници на косовските власти за весникот изјавиле дека делувањето на косовските цариници на премините не може да биде тема на разговорите со Србија.
Заменик премиерот на Косово Хајредин Кучи вели дека прашањето на дијалог е одвоено од прашањето за внатрешното организирање и за владеењето на законот во Косово. Разговорите меѓу Приштина и Белград треба да продолжат на 5 септември.
XS
SM
MD
LG