Достапни линкови

Тројца турски војници загинале во судири со курдските бунтовници


турски војници на патрола во провинцијата Сирнак

турски војници на патрола во провинцијата Сирнак

Тројца турски војници загинале во судирите на војската со курдските бунтовници на југоистокот на Турција.
Преставници на турската армија соопштија дека група припадници на Работничката партија на Курдистан (ПКК) од заседа нападнале воена единица, што патролирала во провинцијата Сирнак.
Минатиот месец, 13 турски војници загинаа во судир со бунтовниците од ПКК во провинцијата Дијарбекир, што е најголемата загуба за армијата од октомври 2008 година.
Турција, САД и ЕУ ПКК ја ставија на списокот на терористички организации.
XS
SM
MD
LG