Достапни линкови

Пакистан- Во ракетен напад загинале најмалку тројца војници


Најмалку тројца пакистански војници се убиени, а 25 се повредени во ракетен напад врз нивниот камп во проблематичниот племенски регион Северен Вазиристан, соопштија официјалните лица. Според властите, четири ракети го погодиле воениот камп во Мираншах, главниот град на провинцијата Северен Вазиристан, каде воените сили се подготвувале за Денот на независноста.
XS
SM
MD
LG