Достапни линкови

logo-print

Истрага како „Стандард и пурс“ го намалиле рејтингот на САД


Американската Комисија за хартии од вредност започнаа истрага за процесот со кој Агенцијата „Стандард и пурс“ го намали кредитниот рејтинг во САД, пишува Волстрит џурнал, цитирајќи неименувани извори. Весникот пишува дека Комисијата ќе спроведе истрага за модел кој го користат во Агенцијата за да го намалат рејтингот и за тоа дали вработените во Агенцијата знаеле за одлуката да се намали рејтингот пред тоа да биде најавено.
„Стандард и пурс“ соопштија дека одлуката да го намалат кредитниот рејтинг на САД е резултат на поделеноста на американските законодавци кои не успеаја да се договорат за намалување на долгот на САД.
XS
SM
MD
LG