Достапни линкови

Починал чешкиот десидент Стирад Машин


Чешкиот дисидент Стирад Машин починал во САД на возраст од 81 година, јави чешката телевизија. Масин кој беше познат по неговото контроверзно бегство од неговата татковина контролирана од комунистите, починал денеска по долго боледување.
Машин, бил дел од групата наречена „браќата Машин“, која вршела вооружени напади против комунистичките власти во педесетите години на минатиот век.
Подоцна браќата Машин успеале да избегаат од Чехословачка, прво во Источна Германија од каде што влегле во Западен Берлин, а подоцна и во САД, оставајќи ги нивните соборци во Чехословачка, а тие подоцна биле осудени, некои од нив ин асмрти казни.
Некои го сметаат Стирад и неговиот брат Јозеф за херои, додека други ги сметаат за убијци.
Браќата Машин, синови на чехословачки генерал, кој бил убиен од нацистите, никогаш не се вратиле во својата земја, ни по 1989, кога со Кадифената револуција неше соборен комунистичкиот режом.
Браќата Машин беа одликувани со премерски ордени во 2008 година, во нивно отсуство.
XS
SM
MD
LG