Достапни линкови

Турција по петти пат ќе се кандидира за домаќин на ЛОИ


Логото за следната Олимпијада во Лондон

Логото за следната Олимпијада во Лондон

Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека Истанбул ќе се кандидира за домаќин на летните Олимписки игри во 2020-та година.
Ова е петти обид Истанбул да биде домаќин на Олимпијада. Претходно Турција се обидуваше да биде организатор во 2000, 2004- та, 2008-та, и за во 2012-та, и секогаш губеше. За домаќини на Олимпијадата во 2020-та, своја кандидатура веќе потврдија Рим, Мадрид и Токио. Од кандидатурата се откажа Дубаи, поради економската криза. Меѓународниот олимписки комитет, одлука за тоа кој ќе боде домаќин на игрите во 2020-та, ќе донесе за две години.
XS
SM
MD
LG